Дома Фудбал Анчелоти: Повеќе никогаш нема да играме со таа формација

Анчелоти: Повеќе никогаш нема да играме со таа формација

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откри дека неговиот тим никогап повеќе нема да игра во формација 4-4-2.

Италијанскиот стратег се обиде со таа формација на натпреварот против Еспањол, но се покажа како погрешен потег бидејќи Реал беше поразен со 2:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се обидовме да одиграме 4-4-2, како против Еспањол, но се браневме очајно и работите не одеа како што сакавме. Идејата е јасна, овој тим мора да игра 4-3-3. Тоа е идеален систем за состав што го имаме на располагање“, изјави Анчелоти пред дуелот со Шахтјор.

Реал на ова гостување во Украина ќе биде без Лука Јовиќ, Еден Азар и Герет Бејл, а неколку дена подоцна кралевите ги очекува пеколен дуел со Барселона на Ел Класико. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…