Mинималната на Реал Мадрид над Гетафе остана во сенка поради повредата на Камвинга кој мораше предвреме да го заврши натпреварот.
Талентираниот Французин го имаше клучниот потег за голот на Винисиус против Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналето. Да не беше неговиот трк преку целата средина до казнетиот простор Бразилецот веројатно немаше да има добра позиција за шут и погодок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти на прес-конференцијата за медиумите наведе дека не се работи за посериозна повреда и Камвинга ќе биде спремен за реваншот.
„Доби удар во коленото, но 100% е стабилно. Не е тоа ништо. Беше само удар и добро се опоравува, мислам дека ќе може да тренира во понеделеник. Би требало да биде спремен за натпреварот со Манчестер Сити, мислам дека ќе го имам целиот тим на располагање“, изјави Анчелоти.
Во првиот натпревар на „Бернабеу“ беше 1:1, па финалистот ќе биде одлучен на „Етихад“.