Дома Фудбал Репрезентации Анчелоти одлучи! – Алегри започна побуна, ќе го следат ли останатите?

Анчелоти одлучи! – Алегри започна побуна, ќе го следат ли останатите?

alegri

Селекторското место на Италија и понатаму е главна тема во оваа држава…

Иако Карло Анчелоти беше најавуван како главен кандидат да го наследи Џампиеро Вентура, изгледа дека тој ќе ја одбие понудата од „аѕурите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно Анчелоти не се гледа себе си во таа улога, смета дека на фудбалот му се потребни реформи и не сака да влезе во системот со кој раководи претседателот Тавекио. Поранешниот тренер на Милан одби да ја води селекцијата на Саудиска Арабија на Мундијалот, а нема да ја превземе ниту Хрватска, ќе чека до почетокот на новата сезона.

Овие информации доаѓаат од агентот Бранчини кој има големо влијание и важи за добро известен агент, токму тој ги доведе Анчелоти и Гвардиола во Баерн.

Италија сега мора да бара ново решение, Конте не сака повторно на клупата, Мачини порача дека е среќен во Зенит.

Вистинското изненадување доаѓа од страна на Макс Алегри, тренерот на Јувентус. Тој ќе отстапи од асоцијацијата на тренери која го поддржа останувањето на претседателот на сојузот. Имено, тој смета дека првиот човек на тренерската асоцијација Ренцо Уливери ги посрамотил сите тренери со својата поддршка за првиот човек на италијанскиот фудбал.

Јувентус е клубот кој е најголем противник на сојузот на Италија и Тавекио, тие од самиот почеток беа против, но ова е личен чин на Алегри. По стапките на Алегри наскоро се очекуваат да тргнат и уште  неколку тренери од Серија А.

Со други зборови, како што наведува „Кориере Дело Спорт“ тие се срамат од ова што се случува и апсолутно сметаат дека сите треба да поднесат оставки после неуспехот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…