Дома Фудбал Анчелоти: Модриќ беше совршен

Анчелоти: Модриќ беше совршен

Лука Модриќ синоќа ги одигра сите 90 минути во победата на гостувањето кај Гетафе и победата од 2:0.

Тоа беше најдобар одговор за сите шпекулации кои тврдеа дека Модриќ може да го напушти Реал Мадрид во зимскиот преоден рок.

По мечот особено го пофали тренерот Карло Анчелоти, кој истакна дека бил перфектен.

„Лука Модриќ беше перфектен, најдобар со топка. Ја контролираше целата игра, беше многу добар. Винисиус, Белингем, Валверде, Модриќ… Обожавам да гледам како играат и нивната поврзаност на теренот“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…