Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, уверува дека Килијан Мбапе, не е под влијание“ од обвиненијата за силување против него во Шведска.
Мбапе е еден од играчите кој во изминатиов период беше критикуван и поради слабата форма.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тој ја искористи паузата за да ја подобри својата состојба. Тој е многу добро, среќен и желен да се врати утре и да биде важен за тимот. Овие 15 дена многу му помогнаа, бидејќи имаше време да ги надмине повредите. Килијан Мбапе е поинаков играч од оној што беше пред паузата“, истакна Анчелоти.
„За сега сето тоа се само шпекулации. Го гледам Мбапе секој ден, тој работи многу добро, среќен е и не чувствувам дека е на кој било начин под влијание“, додаде Италијанецот.