Дома Фудбал Италија Анчелоти има два меча да се спаси од отказ

Анчелоти има два меча да се спаси од отказ

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти е под се поголем притисок после серијата на лоши резултати од почетокот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај фактот што до сега ја имаше поддршката од сопственикот Де Лаурентис, сепак медиумите пишуваат дека неговата позиција во клубот е сериозно разнишана.

После репрезентативната пауза Наполи го очекуваат натпревари со Милан и Ливерпул, па доколку не оствари добри резултати Анчелоти со сигурност ќе добие отказ.

Наполи е во серија од пет меча без победа, а Анчелоти и фудбалерите се во затегнати односи со раководството.

Доколку во наредните недели не се поправат односите и резултатите, раководството ќе биде приморано да направи тренерска смена, а прв кандидат за тренерското столче е Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…