Дома Фудбал Англија Анчелоти изненадувачки може да биде фаворит за клупата на Манчестер Јунајтед

Анчелоти изненадувачки може да биде фаворит за клупата на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти може да биде една од главните цели на Манчестер Јунајтед за нов менаџер на лето, пренесува „ЕСПН“.

„Црвените ѓаволи“ во моментов ги води Ралф Рангник, кој е привремен тренер, а раководството веќе потврди дека бара постојано решение.

Основни кандидати за тренерското столче на „Олд Трафорд“ се сметаат Ерик Тен Хаг и Маурисио Покетино, но Анчелоти изненадувачки може да стане фаворит.

Имено, доколку Реал се одлучи да го отпушти Анчелоти и да го доведе Покетино, тогаш Италијанецот ќе биде прв фаворит за клупата на Манчестер Јунајтед.

Анчелоти е еден од најтрофејните тренери во светот и има големо искуство во Премиер лигата, а и ужива голема доверба и респект од Алекс Фергусон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…