Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Играчите на Звезда се професионалци во трошење време

Анчелоти: Играчите на Звезда се професионалци во трошење време

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не сака да прави преголема паника меѓу навивачите на ова екипа поради синоќешното реми на Маракана против Црвена Звезда.

Звезда и Наполи ги поделија бодовите откако одиграа натпревар без голови, а Анчелоти после натпреварот порача дека неговиот тим загубил два бода, но до крајот на групната фаза предстојат уште шест натпревари. Исто така додаде дека домашниот тим го задржувал времето во последните минути.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Бевме малку бавни во додавањето на топката, а исто така направивме премногу грешки. Изгубивме два бода во тешка група, но имаме уште пет натпревари до крајот. Не смееме да креваме паника. Моментално сме втори во групата и нема потреба да бидеме негативни. Штета што не победивме бидејќи неколку пати бевме блиску до погодок.“ – изјави тренерот на Наполи и додаде:

„Можам дека последните 15 минути скоро да не се играше. Гледав дека тоа Звезда го работи многу пати порано. Тие се професионалци кога е во прашање задржување на време и понекогаш судиите на тоа наседнат. Но, тоа не е проблем, бидејќи ние мораше порано да постигнеме погодок.“

Да потсетиме, Наполи во следниот натпревар го пречекува Ливерпул, додека Звезда игра во гости кај ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…