Дома Фудбал Англија Анчелоти за новото засилување на Ливерпул: Ми го скрши срцето, добро е само што ќе ми биде сосед

Анчелоти за новото засилување на Ливерпул: Ми го скрши срцето, добро е само што ќе ми биде сосед

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти секогаш знае да ги насмее новинарите со своите изјави.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој пат менаџерот на Евертон кратко зборуваше за трансферот на градскиот ривал на „карамелите“, Ливерпул кој го доведе Тијаго Алкантара.

„Ми го скрши срцето. Тијаго ми е пријател. Станува збор за фантастичен човек и одличен играч, имав среќа да го тренирам. Тој е еден од оние играчи за кои сте горди што сте им биле тренер. Единствената добра работа во сето ова е што ми е сосед, но мислам дека избра погрешен тим. Требаше да го избере синиот дел, а не црвениот. Се шегувам. Мојот пријател Клоп сигурно е среќен поради него“, изјави Анчелоти.

Ќе потсетиме Евертон денес во второто коло од Премиер лигата ја запиша втората победа откако со 5:2 славеше против ВБА. Претходно тие го победија Евертон минимално со 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ас: Мбапе тргна во војна

КИЛИЈАН МБАПЕ (27) реши да тензиите во Реал Мадрид не се доволно високи, па отвори јасен к…