Карло Анчелоти вчера одржа прес-конференција пред натпреварот кој Реал викендов ќе го одигра на гостувањето кај Бетис во рамките на 16. коло од шпанската Ла Лига.
На пресот тој коментираше повеќе теми, а се осврна и на една голема вест од светот на голфот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Да потсетиме, Џон Рам, голфер од Шпанија, е новиот најплатен голфер во светот. Тој стана повеќе платен од кој било друг играч на голф потпишувајќи договор вреден 300 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија.
Договорот ќе трае најмалку три години, а наводно има опција за продолжување, пишува ESPN.
По повод таа вест Анчелоти беше запрашан дали ќе замине во Саудиска Арабија доколку некој клуб му понуди договор од 500 милиони евра.
Без многу размислување одговори. “Воопшто не би резервирал лет, би одел до таму пеш. Не, не. Се шегувам. Не ми требаат пари. Светот се менува и ќе продолжи да се менува”, рекол тој.