Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти лично ја презел задачата да го доведе во својот тим белгискиот репрезентативец Муса Дембеле.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Газета дело Спорт“ пренесува дека играчот за врска на Тотенхем е главна трансфер цел на Анчелоти и тој веќе раговарал со неговиот агент во Лондон.
Наполи се надева дека 30-годишниот Дембеле ќе биде идеална замена за Жоржињо кој е пред трансфер во Манчестер Сити. Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој веќе дал зелено светло за трансферот.
Договорот на Дембеле со Тотенхем истекува следното лето, а тој одби да стави потпис на нов договор бидејќи сака да ја промени средината.
Силен интерес за Белгиецот покажуваат уште Интер и Јувентус, но Наполи е во пол-позиција за неговиот потпис.