Се поизвесно е дека Еден Азар ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, а Анчелоти веќе ја избрал неговата замена.
Германски „Билд“ тврди дека Квинсли Коман нема намера да го продолжи договорот со Баерн Минхен и на крајот на сезоната најверојатно ќе биде продаден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Коман истекува 2023 година, па се поизвесно е дека на лето ќе биде продаден, бидејќи влегува во последната година од договорот.
Французинот преку својот агент Пини Захави му се понидил на Реал Мадрид, а Анчелоти сака да го доведе независно од доаѓањето на Килијан Мбапе.
Се очекува на крајот на сезоната Азар и Бејл да го напуштат „кралскиот“ клуб, па Реал сака покрај Мбапе да донесе уште еден врвен фудбалер.