Реал Мадрид вчера го освои европскиот Суперкуп победувајќи со 2:0 против германски Ајнтрахт.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Карло Анчелоти по мечот истакна дека на неговиот тим не му било лесно, посебно не до првиот гол.




„Воопшто не беше лесен натпревар, особено на почетокот. Тешко ни беше да ја воспоставиме нашата брзона, сепак по дадениот гол ни одеше полесно. Почетокот на сезоната никогаш не е лесен“, изјави Анчелоти.




Бензема беше стрелец на вториот гол на Реал Мадрид и така го помина Раул и стана втор стрелец во историјата на Реал Мадрид.




„Бензема за нас е многу важен, тој е лидер. За се што направивме во претходниот период има големо влијание. Сите видовте како ја заврши сезоната со постигнување на голови, така ја почнува и новата. Мислам дека сите знаат кој треба да ја доби Златната топка“, порача Анчелоти.