Дома Фудбал Анчелоти: Бејл сака вистински да се збогува со навивачите, ќе има шанса во финалето од ЛШ

Анчелоти: Бејл сака вистински да се збогува со навивачите, ќе има шанса во финалето од ЛШ

Герет Бејл вчера не се појави на „Сантијаго Бернабеу“ во ремито против Бетис. (0:0).

Велшанецот го напушта Реал Мадрид по девет години, а тоа е и на големо одобрување од навивачите поради неспортскиот однос кој го имаше Велшанецот во изминатиот период.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно Бејл воопшто не тренирал со клубот во последните неколку недели. Се пишува за наводна повреда на грбот, меѓутоа во јавноста преовладува мислењето дека не сака да тренира затоа што заминува.

Сепак, Карло Анчелоти е подготвен да му даде шанса во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, кое ќе се одигра на 28 мај во Париз. Тоа го потврди вчера по мечот со Бетис.

„Бејл сака да се збогува со навивачите на вистински начин. Ќе има уште една шанса и верувам дека ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.

Велшанецот во изминатите девет години освои апсолутно се во дресот на „кралевите“, но доби во последните години добива многу критики. За Реал Мадрид одигра 258 натпревари за Реал Мадрид и постигна 106 голови.

Треба да се напомене дека Карло Анчелоти потврди и дека Иско го напушта Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…