Нов скандал е на повидок во Серија А. Наполи беше поразен на гостувањето кај Интер во дерби натпревари, а Калид Кулибали заработи црвен картон во завршницата од натпреварот.
Во прв момент изгледаше дека на саркастичен начин му аплаудираше на судијата Мацолени поради што овој му го покажа патот кон соблекувалната, но Хозе Каљехон тврди дека стоперот на Наполи гестикулирал кон групата навивачи кои го навредувале на расна основа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова после натпреварот го тврдеше и тренерот Карло Анчелоти.
„Три пати баравме од надлежните да се прекине натпреварот поради расистичко скандирање. Но, натпреварот беше продолжен, а навреди стигнуваа се повеќе. Не воопшто чудо што Кулибали беше нервозен“, изјави Анчелоти после натпреварот на „Џузепе Меаца.
Тој откри и дека после натпреварот се обидел да добие информација од судијата зошто му покажал црвен картон на Кулибали.
„Можеби следниот пат би требало да го превземе работите во свои раце и сами да го прекинеме натпреварот. Веројатно на зелена маса ќе го изгубиме натпреварот, но спремни сме на тоа. Ова не е добро за италијанскиот фудбал“, заклучи стратегот на Наполи.