Дома Фудбал Анчелоти: Барса не заслужи да победи

Анчелоти: Барса не заслужи да победи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е оптимист и покрај поразот во првиот меч против Барселона во полуфиналето од Купот.

Реал Мадрид доминираше, но Барселона победи со 1:0, а според Анчелоти Каталонците не заслужиле да победат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Одигравме добар натпревар, вршевме пресинг, но ни недостигаше гол. Тие не направија ништо на теренот и имаа среќа. Не верувам дека Барселона пак ќе игра толку дефанзивно. Беше навистина чудно да ги види човек во ваков издание“, изјави Анчелоти.

„Задоволен сум бидејќи го контролиравме натпреварот против ривал во многу низок блок. Ранети сме, но сигурен сум дека со ваква игра ќе продолжиме понатаму. Мислам дека не заслужија да победат“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…