Дома Фудбал Останато Анчелоти: Баерн е минато, се враќам во јуни!

Анчелоти: Баерн е минато, се враќам во јуни!

Карло Анчелоти за прв пат јавно проговори пред медиумите после отказот кој го доби во Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти за италијанските медиуми потвди дека нема намера да се врати на терените додека трае сезоната, па следната работа ќе ја започне дури во јуни.

„Баерн Минхен е дел од минатото и јас сум секогаш мирен и сталожен. Отказите се дел од работата на еден тренер и не треба да се прави скандал. Јас во текот на целата моја кариера имам одлични односи со играчите, така беше и во Баерн. Како тренер треба да одберам 11 кои ќе играат и 7 кои ќе одат на клупа. Фудбалерите треба да бидат интелегентни да ги прифатат одлуките, а на раководството е да го поддржи тренерот“, изјави Анчелоти.

Анчелоти се поврзува со клупата на Милан, Рома и италијанската репрезентација, но искустниот стратег ги негираше гласините.

„Рома го има Ди Франческо, Милан го има Монтела, а Италија го има Вентура. Јас ги респектирам сите, но до крајот на сезоната нема да се вратам во фудбалот. Не знам каде ќе биде мојата следна работа, само знам дека нема да биде во Кина“, закличи италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…