Дома Трансфер зона Антоан Гризман – од ѕвезда и најважен играч до „вишок“

Антоан Гризман – од ѕвезда и најважен играч до „вишок“

Aнтоан Гризман пред неколку години важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот.

Францускиот фудбалер играше одличен фудбал во Атлетико Мадрид. Сепак трансферот во Барселона во 2019 година се покажа како големо промашување и Гризман од тогаш не е истиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се врати Французинот во Атлетико летото минатата година, пристигна на позајмица со опција за откуп за 40 милиони евра, но клубот од Мадрид нема намера да ја задржи својата поранешна ѕвезда.

Тренерот Диего Симеоне му соопштил на Гризман дека не смета сериозно на него за новата сезона и дека не е во прв план.

„Клубот јасно му го соопшти ставот дека не сметаат на него. Сакаат да се ослободат затоа што се убедени дека повеќе никогаш нема да биде играчот каков што беше некогаш“, тврди „ЕСПН“.

Барселона и Атлетико договорија позајмица на Гризман до летото 2023 година. Тогаш мадритскиот клуб има обврска да го откупи, но како што стојат работите ситуацијата поинаку ќе се развива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …