Дома Останати Кошарка Антиќ: Ќе играм се додека се смеам и уживам

Антиќ: Ќе играм се додека се смеам и уживам

antic

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ кој настапува за тимот на Црвена Звезда испрати пофалби на своите соиграчи и тренерот.

„Годината ќе ја паметам по враќањето во финалето на Евролигата со Фенербахче и победата, потоа враќањето во Звезда. Тоа се двете најважни работи. Ова веројатно е една од моите најдобри години во кариерата. Може да се спореди со онаа од Олимпијакос, но задоволен сум и се надевам дека и следната ќе биде добра“, зборуваше Антиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа Перо зборуваше за неговата улога во тимот.

„Кога пристигнував, зборував со тренерот, Душан Алимпијевиќ. Идејата беше да помогнам во некои натпревари со своето искуство. Се обидувам тоа да го направам и мислам дека до овој момент ни оди одлично“.

„Ќе играм кошарка се додека уживам…Тој совет го добив од мојот татко кога започнував, тој ми кажа: Играј додека се смееш и уживаш“, одговори Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Далас обезбеди полуфинале

Кошаркарите на Денвер обезбедија пласман во полуфиналето на Западната конференција во плеј…