Дома Останати Кошарка Евробаскет Антиќ по својот најлош меч по кам бекот во Звезда ја призна грешката: Некои досега ја гледаа ЦСКА само на ТВ

Антиќ по својот најлош меч по кам бекот во Звезда ја призна грешката: Некои досега ја гледаа ЦСКА само на ТВ

И најискусните во тимот споија комплетно сивило и колективно потфрлување против ЦСКА.

Закрепнатиот Перо Антиќ против московскиот состав одигра една од најслабите партии по враќањето во Црвена Звезда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паузата поради повредата очигледно остави траг, но веројатно ниту неговата добра форма немаше да и помогне на Звезда со ваква игра против расположениот противник. По мечот, нашиот Антиќ беше самокритичен.

„Резултатот вели дека ова е наш најлош меч, а ЦСКА покажа зошто е еден од најдобрите тимови во Европа. Веднаш паднавме на нивниот ритам бидејќи не сработивме онака како што се договаравме. Имаме доста за работење. Како што вели тренерот би било добро од ова да извлечеме поука и да продолжиме понатаму. Беше лошо, мораме да научиме да го работиме она што се договараме на тренинг и тоа да го преточиме на паркетот. Мораме да се бориме од почетокот. Не може ЦСКА да дојде во Белград на наш терен и од почетокот да го наметне својот ритам. Мораме да се бориме. Знам дека е ова млад тим, но мораме подобро“, истакна Антиќ по мечот.

На констатација на новинарите, екипата делуваше нервозно, Антиќ одговори:

„Не знам кој бил нервозен, но веројатно тоа е нормално, бидејќи многи од овие момчиња првпат играат против ЦСКА. Немаат доволно искуство, некои досега ја гледале ЦСКА само на телевизија. ЦСКА е голем тим, кој речиси цела деценија е редовен во Ф4. Можеби и тоа е проблемот. Што се однесува до мене, не бев нервозен, но морам многу подобро да одиграм во одбаната. Преку мене проструија неколку тројки, а тоа не беше договорот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Неверојатна партија на Јокиќ, погледнете го лудилото по кошот за победа на Денвер

ДЕНВЕР НАГЕТС се вратија од негатива од 20 поени во третата четвртина и го победија Лос Ан…