Дома Останати Кошарка „Антиќ му се закануваше на Докузовски дека ќе го тепа ако вади од игра на Европското првенство“

„Антиќ му се закануваше на Докузовски дека ќе го тепа ако вади од игра на Европското првенство“

Maкедонската кошаркарска легенда, Петар Наумоски во интервју за српски „Журнал“ зборуваше за делови од својата кариера, но и открива дека Перо Антиќ му се заканувал на тогашниот селектор Марин Докузовски дека ќе го тепа ако почесто го вади од игра на Европското првенство во Литванија на кое Македонија оствари историски успех.

Наумовски на прашањето за Бо Мекејлеб откри и заканите за Перо Антиќ до Докузовски пред Европското првенство, како што тврди тој поради заканите Докузовски дури и сакал да ја напушти клупата, па едвај го убедиле да остане.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Тогаш Мекејлеб требаше да добие црногорски пасош, потпиша за Монтепаски и стана втор Европјанин во тимот, дозволено беше да имаат уште четири Американци. Дуле Вујошевиќ му кажа дека ако сака да игра за Црна Гора мора да остане уште една година во Партизан. Бо не сакаше бидејќи веќе имаше договор. Тогаш директорот на клубот му се јави на Врбица Стефанов за да ни го понуди Мекејлеб.

Неговото доаѓање ја поправи атмосферата и даде голем придонес на Европското првенство кое беше фантастично за нас. Пред првенството Перо Антиќ му се закануваше на Докузовски дека ќе го тепа ако го вади од игра на првенството во Литвенија. Челниците на федерацијата едвај го убедија да остане селеткор“, зборува Наумоски.

Целото интервју на Наумоски можете да го прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн заминува од Лејкерс и со син му ја напаѓа петтата титула

Популарниот Брајан Виндхорст, новинар на „ЕСПН“, денеска објави дека Голден Стејт е тимот …