Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ откако претходно беше еден од најгласните во кампањата на српскиот претседател Александар Вучиќ, вчера и гласаше на изборите во Србија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Антиќ се пофали на социјалните мрежи со гласот за Вучиќ кој повторно ја доби довербата од српските граѓани.
Првиот човек на федерацијата претходно беше жестоко критикуван од јавноста, а освен тоа Антиќ и го прекршува статутото на КФМ За директно политичко инволвирање. Сепак, според големиот број објави кои ги имаше на социјалните мрежи во изминатиот период за изборите, тоа и не му пречеше премногу.
Антиќ по победата објави и фотографија со која му ја честиташе победата на Вучиќ.

