Дома Кошарка Антиќ и Звезда без проблеми запишаа нов триумф во Евролигата

Антиќ и Звезда без проблеми запишаа нов триумф во Евролигата

Нов триумф за Црвена Зврзда во рамки на Евролигата. Белградскиот состав славеше против екипата на Жалгирис која на табелата е далеку подобра од црвено-белите.

Иако ја доби првата четвртина, тимот на Жалгирис потклекна на притисокот на Звезда, која успеа да направи пресврт и на полувреме да замине со два поени позитива, односно 33:31.

Црвено-белите во продолжението го задржаа континуитетот, па без никакви проблеми го доведоа натпреварот во својот финиш.

Нашиот интернационалец, Перо Антиќ по 19 минути минати на теренот постигна пет поени, додека најефикасен веќе стандардно се издвои Рочести со постигнати 16 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Прлаиновиќ играл со три лични грешки, но победата на Раднички останува!

Европската организација за водени спортови го призна пропустот во последните 57 секунди пр…