Црвена Звезда загуби од Жалгирис со 78:76 во рамки на првото коло од Евролигата.
Тимот на нашиот Перо Антиќ одигра одлично во текот на целиот меч, и на крајот сепак не ги посака среќата со оглед на тоа дека Рочести ја имаше победата в рака. Тој не погоди за три поени во последниот напад за црвено-белите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мечот беше неизвесен, а она што пресуди беше средината на последната четвртина и добрата игра на домашниот состав.
Антиќ блесна во дресот на Црвена Звезда и запиша 17 поени, 3 скока и 3 укради топки. На спротивната страна најпрецизен беше Јанкунас со 15 постигнати поени.