Тренерот на Монако, Тиери Анри изјави дека клубот има потреба да донесе засилувања во зимскиот преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако не кажа на кои позиции сака да го засили тимот, јасно е дека на Монако му требаат засилувања, после лошата сезона во која неочекувано се бори за опстанок.
„Имам некои идеи, но нема да откривам имиња. Сите во јануари бараат можност да го засилат тимот. Ние сме во лоша позиција и имаме потреба од нови фудбалери, со кои ќе можеме да ја подобриме позицијата на табелата“, изјави Анри.
„Погледнете го примерот со Сент Етјен. Тие минатата сезона беа во долниот дел на табелата, но во јануари добро се засилија, па дури се приклучија во борбата за Европа. Не знам колку нови фудбалери ќе ни требаат. Некои од повредените играчи ќе се вратат во јануари“, додаде Анри.