Дома Фудбал Анри сонува во иднина да биде тренер на еден од двата европски гиганти

Анри сонува во иднина да биде тренер на еден од двата европски гиганти

Легендарниот Тиери Анри се надева дека во иднина ќе предводи еден од тимовите каде остави најголем траг во играчката кариера.

Анри неодамна ја заврши тренерската кариера во МЛС и одлучи да се врати во Европа за да биде поблиску до семејеството. Моментално е без клуб, но понуди со сигурност ќе има.

Но, ако го прашате него, тој сонува за два клуба…

„Ако го прашате било кој навивач на Арсенал дали сака да го тренирам Арсенал ќе рече – да. Истото ќе го одговори и на прашањето дали сака да постигне гол за Арсенал.“ – рече Анри и додаде:

„Арсенал е клуб кој е дел од мене и секогаш ќе биде – половина од моето срце му припаѓа на него, а другата половина на моето семејство. Врската која ја имам со нивните навивачи е нешто кое не можам да го опишам, нешто што секогаш ќе ми недостига, па ако ме прашате дали еден ден сакам да го тренирам Арсенал, одговорот е -да. Сепак, далеку сум од тоа. Дали сонувам за тоа? Да. Дали сакам да одам во Барселона? Да.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…