Tиери Анри застана во одбрана Лео Меси кој во последно време доби критики.
Аргентинецот на девет натпревари оваа сезона постигна четири гола и подели четири асистенции, што и не е лош учинок, но е малку за неговите стандарди кои ги постави. Кога е Ла Лига во прашање постигна само еден гол и два пати асистираше.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Критиките за Меси сега ги коментираше Тиери Анри.
„Кога слушам како некој го критикува Меси ми е смешно. Тие заборуваат дека минатиот месец играше во Еквадор, потоа во Боливија. Во Боливија не можете ниту да одите, на сите европски фудбалери таму им е тешко“.
„Играв со Лео и него не смеете да го напаѓате. Тој ги заслужува сите пофалби, плаќаме за да го гледаме. Заслужува среќа и се надевам дека ќе продолжи да игра за да можеме да уживаме гледајќи го“, изјави Анри.