Дома Фудбал Останато Анри се претстави во Монако: Мои модели се Венгер и Гвардиола

Анри се претстави во Монако: Мои модели се Венгер и Гвардиола

Легендарниот Тиери Анри се врати во Монако после 19 години, но овој пат од кормилото ќе го предводи клубот од „кнежевството“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Анри ова е прв самостоен тренерски ангажан и истакна дека го прифатил предизвикот случајќи го своето срце.

„Кога пристигна понудата, ми изгледаше многу логично. Ја донесов одлуката со моето срце. Научив многу за фудбалската игра од многуте тренери во текот на кариерата. Секако најмногу од Арсен Венгер, а тука беше и Пеп Гвардиола“, изјави Анри, но не ги заборави француските тренери.

„Секако, не заборавам и на франcуските фудбалски имиња, кои и тоа како влијаеа на мојата игра, а сега и на мојата тренерска филозофија. Дешамп и Зидан се двајца тренери на кои им се восхитувам. Кога и да се видам со нив зборуваме за фудбал и тактика“, додаде Анри.

Легендарниот Французин на клупата на Монако ќе дебитира во сабота на гостувањето кај Страсбур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Резултати од синоќешните натпревари: Мбапе и Халанд ја продолжуваат доминацијата, Алжир со триумф во арапското дерби

Во текот на ноќта беа одиграни три натпревари од второто коло на групната фаза. Два од гру…