Дома Фудбал Останато Анри: Нека се затвори гласањето за „Златната топка“, Бензема ја освојува!

Анри: Нека се затвори гласањето за „Златната топка“, Бензема ја освојува!

Поранешната француска легенда, Тиери Анри го следеше финалето во Лигата на шампионите по кое испрати порака во борбата за „Залтната топка“.

Според Анри нема дилеми дека оваа награда треба да заврши во рацете на Бензема кој во овој момент е фаворит број еден, а до крајот на годината тешко може тоа да се промени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе испратам порака до „Франс Фудбал“, до оние кои гласаат. Нека се затвори гласањето, „Златната топка“ ја освојува Бензема“, порача Анри.

Бензема сезоната во Лигата на шампионите во која Реал стигна до трофејот ја заврши како најдобар стрелец со 15 постигнати гола. Победата во финалето само дополнително ја зацврсти неговата кандидатура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…