Дома Фудбал Анри: Ек нема да се откаже од идејата да го купи Арсенал

Анри: Ек нема да се откаже од идејата да го купи Арсенал

Француската легенда Тиери Анри во живо го следеше натпреварот на Арсенал против Тотенхем и имаше можност да ја прослави големата победа со фановите на „Емирати“.

Во ВИП ложата Анри беше заедно со милијардерот Даниел Ек кој имаше обид да го купи Арсенал. Првиот обид беше неуспешен, но Анри најави дека сопственикот на „Спотифај“ нема да се откаже од таквата идеја.

„Во овој момент нема преговори, но тој, ние сме тука и ќе бидеме тука. Мислам дека сето ова ќе потрае, не знам колку, но нема да се откажеме од идејата“, изјави Анри.

Обидот на Ек да го купи Арсенал беше по притисокот врз актуелниот сопственик Стен Кренке по прифаќањето за учество во Суперлигата. Тогаш беше најавено дека Ек ќе го вклучи Анри и уште неколку поранешни фудбалери во водењето на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …