Дома Фудбал Анри го обожаваме, но дојде време за првата сериозна критика

Анри го обожаваме, но дојде време за првата сериозна критика

Монако оваа сезона игра катастрофално и се наоѓа на претпоследното место во Лига 1, што е резултат кој никој не го очекуваше.

Избраниците на Анри на сите натпревари се мачат, претежно губат или играат нерешено, а кога победат тоа е едвај минимално.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неискусниот Анри на почетокот на сезоната го замени Леонардо Јардим, човек кој на Монако му ја донесе титулата во Лига 1 и играше полуфинале во ЛШ. Клупската легенда Жан-Лук Етори смета дека тоа бил лош потег.

„Иако бевме во тешка ситуација, Јардим беше тој кој можеше да не извади од таа. Тиери Анри не е лош избор, но ова беше лоша одлука.“ – започна Етори и додаде:

„не ми е целта да бидам тој кој го критикува Анри, но можам да кажам дека не беше ниту малку скромен кога ја прифати работата. Тоа што си бил добар играч, не значи дека можеш веднаш да дојдеш и да работиш во Лига 1 која не ја познаваш.“

Жан-Лук Етори за Монако одигра преку 600 натпревари, а 1995. година и седеше на клупата на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…