Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа го совладаа Челзи со 2:0 во ФА Купот, а еден од најдобрите поединци на теренот беше токму Андер Ерера.
Ерера го постигна првиот гол на мечот, а потоа имаше безброј одземени топки и скратени акции на „сините“, но еден негов потег посебно ги воодушеви сите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој на крајот од мечот му пријде на Алексис Санчез кој е на голем удар на критки од неговото доаѓање на „Олд Трафорд“. Ерера му даде голема поддршка и му порача дека е време да се разбуди и конечно да го покаже својот квалитет.
„Алексис Санчез е светска класа и кога влезе на терен веднаш се виде разлика. Се надевам дека што поскоро ќе му се врати самодовербата и дека на сите ќе им покажа дека се работи за врвен играч“, изјави Ерера.
Love how Ander Herrera went over to Alexis at full time. He mentioned post match how impressed he was with how hard Alexis Sanchez worked when he came on. Alexis is having a hard time and Ander Herrera being a leader and motivating him is brilliant. Has to be our next captain! pic.twitter.com/jzjeclp6DR
— The Man Utd Way (@TheManUtdWay) February 18, 2019