Дома Трансфер зона Англичаните претераа: Што бара името на овој клуб во фаворитите за доведување на Мбапе?!

Англичаните претераа: Што бара името на овој клуб во фаворитите за доведување на Мбапе?!

Откако медиумите на Островот објавија дека Њукасл наскоро ќе заврши во рацете на шеикот Халид бин Зајед Ал Нехјан изненадувачки овој клуб се појави како можна дестинација за Килијан Мбапе.

Британските букмејкери составија листа на клубови кои се фаворити за доведување на Французинот, а на таа листа најмногу изненадува името на Њукасл.
Прв фаворит за доведување на Мбапе е Реал Мадрид, зад него следат Њукасл и Манчестер Сити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Листата која ја составија букмејкерите изгледа вака:

Реал Мадрид – 4/1

Њукасл – 25/1

Манчестер Сити – 28/1

Јувентус – 30/1

Ливерпул – 30/1

Барселона- 40/1

Манчестер Јунајтед – 66/1

Баерн Минхен – 80/1

Зошто Њукасл се најде на оваа листа веројатно знаат само букмејкерите кои ја составија оваа листа.

Инаку, првиот човек на Њукасл потврди дека е во преговори за продажба на Њукасл.

„Од утрово ни пристигнаа голем број прашања за промена на сопственичката структура. Сакаме да потврдиме дека преговорите се во тек, но засега ништо не е одлучено. За сите други промени ќе бидете на време известени“, изјави Мајк Ешли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…