Дома Фудбал Репрезентации Англичаните не му даваат мир на Рамос: Дуелот со Салах повторно во центарот на вниманието!

Англичаните не му даваат мир на Рамос: Дуелот со Салах повторно во центарот на вниманието!

salah ramos

Без разлика што е репрезентативен натпревар од Лигата на Нации тоа не го менува фокусот од финалето во Лигата на шампионите.

Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Серхио Рамос вечерва на „Вембли“ ќе ја предводи својата селекција во натпреварот против Англија од рамките во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа ќе биде прв пат стоперот на Реал Мадрид да гостува во Англија од финалето во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул кога го повреди Мохамед Салах, па најдобриот играч на „црвените“ мораше предвреме да го заврши големиот натпревар.

Токму тоа беше во фокусот на медиумите на конференцијата пред натпреварот.

„Не сум премногу загрижен од реакцијата на публиката, никогаш не сум сакал да повредам некого намерно, поради тоа мојата совест е чиста кога во прашање е таа вечер“, изјави Рамос.

Шпанецот јасно истакна што е првата цел на „Фуријата“.

„Нашата главна цел е да се вратиме на врвот на ФИФА ранг листата и да го вратиме победничкиот менталитет. Сите заедно мораме да направиме се за да го вратиме ентузијазмот кај навивачите кои го имаат гледајќи не на теренот. Малку го променивме стилот на игра поради новите генерации“, заврши Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чави нема да биде тренер, но ќе остане во Барселона?

Чави Ернандез минатиот месец објави дека заминува од тренерската позиција на Барселона на …