Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Англичаните имаат посебно правило за ЕП – во нивниот тим нема „резерви“!

Англичаните имаат посебно правило за ЕП – во нивниот тим нема „резерви“!

Фудбалерот на Кристал Палас, Еберечи Езе за медиумите откри интересна информација дека во репрезентацијата на Англија предводена од Герет Саутгејт нема да се користи зборот „резерви“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Саутгејт сака со нов пристап да даде важност на сите фудбалери во тимот, па така на сите им ставил до знаење дека зборот „резерви“ нема да биде користен и место тоа фудбалерите кои не се од почетокот на теренот ги нарекува „финишери“.

„Не може да бидат важни само оние 11 кои се на теренот од почетокот. Важен е целиот тим. Кога победувате, тоа го правите како колектив, тоа мора да се разбере. Селекторот зборуваше за „финишери“, така ги нарекуваме фудбалерите кои добиваат шанса во продолжението. Тие треба да одиграат важна улога кога ќе се најдат на теренот не само оние во стартниот состав“, изјави Езе.

Англија во првиот натпревар на Европското првенство ќе игра против Србија в недела на 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Нагелсман сака да го врати Нојер во репрезентацијата, но утрово доби ужасни вести од Минхен

Нојер пред две години се повлече од германската репрезентација по Европското првенство и м…