Дома Фудбал Англија Англичаните го продадоа „Вембли“ за 600 милиони фунти!

Англичаните го продадоа „Вембли“ за 600 милиони фунти!

Фудбалската федерација на Англија реши да му го продаде легендарниот стадион „Вембли“ на милијардерот Шахид Кан за 600 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми.

Новото издание на „Вембли“ е изградено во 2007 година. Располага со 90.000 места и е втор стадион по капацитет во Европа после „Камп Ноу“ во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот милијардер со пакистанско потекло преговорите за купување на најголемиот стадион во Англија ги почна во април и тогаш се спомнуваше сума од околу 800 милиони фунти.

Како што се наведува, договорот ќе биде одобрен утре од страна на Советот на ФА, бидејќи двете страни веќе постигнале договор.

Според планот за продажба, Кан ќе треба да се обврзе дека англиската репрезентација и понатаму ќе игра на стадионот, додека на него ќе му бидат доделени спонзорските права.

Шахид Кан е сопственик на премиерлигашот Фулам, кој, според најавите, ќе продолжи да ги игра натпреварите на „Кревен котиџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…