Дома Фудбал Германија Англиски новинар откри зошто Кутињо не бил во составот против Барнли

Англиски новинар откри зошто Кутињо не бил во составот против Барнли

Бразилецот, Кутињо не беше во составот на Ливерпул за денешниот натпревар против Барнли…

Ливерпул денес во рамките од 22 коло во Премиер лигата му гостуваше на Барнли, а Јирген Клоп еден час пред почетокот на натпреварот ги шокираше навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без претходна најава, а во моментите кога Европа на големо пишува за трансферот на Кутињо во Барселона, Бразилецот не беше во составот.

„Црвените“ на крајот со гол во последните моменти од натпреварот успеаа да стигнат до победата, а херој беше Клаван. Новинарот на „BBC“ Конор Мекнамари откри дека Клоп му кажал зошто Кутињо не бил во оставот за денешниот натпревар.

Имено, тој на својот профил објави дека Клоп во тунелот му кажал дека Кутињо не е во тимот поради повреда и само поради повреда.

Веруваме дека оваа вест ќе ги израдува навивачите на Ливерпул, но тешко дека некој верува во оваа информација после големите најави за негов трансфер во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…