Лука Јовиќ најверојатно после само една сезона ќе ги напушти редовите на Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Репрезентативецот на Србија на Бернабеу пристигна како засилување, се веруваше дека може да ги ‘решета’ мрежите како и во Бундеслигата, но не ги оправда очекувањата.
Во 24 одиграни натпревари Јувиќ успеа да се запише во листата на стрелци само два пати, а после последните случувања со непочитување на 14-дневниот карантин, медиумите во Шпанија се убедени дека нема иднина во Реал и дека ќе го напушти клубот.
Доколку дојде до тоа сценарио, Јовиќ нема за што да се грижи бидејќи многу клубови имаат интерес за неговите услуги, а последен во низата е Челси, чиј тренер Френк Лампард смета дека играч со такви предиспозиции му е потребен за новата сезона.
Англичаните исто така тврдат дека Лампард сака Јовиќ да го вклопи со младите од клубот кои оваа сезона експлодираа, а останува да видиме дали Сините планираат позајмица или откуп на договорот.
Изминатите години голем број на фудбалери од Србија имаа прилика да го облечат дресот на Челси. Од Јокановиќ и Кежман до Ивановиќ и Матиќ.