Дома Фудбал Репрезентации Англиските навивачи пристигнаа во Скопје, амбасадата им даде инструкции: Пазете на женскиот тоалет

Англиските навивачи пристигнаа во Скопје, амбасадата им даде инструкции: Пазете на женскиот тоалет

Повеќе од 2300 навивачи на Англија пристигнаа во Скопје за во живо да го следат утрешниот натпревар против македонската фудбалска репрезентација на „Арената Тодор Проевски“.

На местата каде се движеа англиските навивачи во центарот на градот имаше полициско присуство.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во пресрет на утрешниот меч Британската амбасада во Скопје на социјалните мрежи објави информации за нивните државјани кои веќе се дојдени во Македонија за да го следат натпреварот. 

Имале вкупно 2332 билети по цена од околу 10 евра.

Задолжително со себе да носат документи за лична идентификација и пари во кеш зошто, како што пишуваат од Британската амбасада, повеќето кафетерии и ресторани во главниот град немале терминали за плаќање со картичка.

„Таблата за женскиот тоалет внатре во стадионот можеби не е јасна. Побаравме тоалетот да биде уреден за да не го користат мажи, стои во објавата од амбасадата.

Има и меил адреси и телефони на кои англиските навивачи можат да пријават насилство и навредливо однесување за време и по натпреварот. 

Од амбасадата како и секогаш кога одат во странство бараат нивните државјани кои се дојдени во Скопје да се однесуваат со почит кон градот и населението за да не се соочат со санкции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…