Дома Трансфер зона Англиските медиуми тврдат: Челзи тргнува по Александар Митровиќ

Англиските медиуми тврдат: Челзи тргнува по Александар Митровиќ

Според пишувањето на англиски „Мирор“, фудбалерот на Фулам, Александар Митровиќ се наоѓа на мета на Челзи

Србинот наводно ја импресионирал управата на лондонскиот клуб и го привлекол вниманието на стратегот на „сините“, Маурицио Сари кој не е посебно задоволен од настапите на Алваро Мората.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Митровиќ одлично ја стартуваше новата сезона постигнувајќи шест погодоци на шест натпревари, вклучувајќи ги и два гола за Србија во рамките од Лигата на Нации.

Англискиот медиум пишува дека за Митровиќ интерес покажале и некои италијански клубови на кои засега имињата не се откриваат.

Фулам ова лето го откупи договорот на Митровиќ од Њукасл за сума од 22 милиони евра и тоа се покажа како полн погодок за овој клуб.

Српскиот напаѓач и минатата сезона беше дел од Фулам како позајмен играч и во таа сезона постигна 12 голови на 15 натпревари и така помогна на овој клуб да се избори за место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…