Јувентус синоќа го надигра Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а уште една бријлантна партија одигра Миралем Пјаниќ.
Англиските медиуми посебно го пофалија настапот на Босанецот и заклучија дека тој е играчот кој му недостасува на Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова беше вистинска лекција за Манчестер Јунајтед. Со Матуиди од една и Бентанкур од друга страна, Пјаниќ покажа мајсторска класа и покажа како треба да се диригира модерен елитен тим. Покажа карактеристики кои на Јунајтед му недостасуваат: прибраност, контрола, мобилност, флексимилност, способност за клучен пас“, пишува новинарот на „Индепендент“.
„Пјаниќ е меѓу тројцата најдобри играчи за врска во светот. Чувствувате дека го игра натпреварот, не со нозе, туку со очи“, додаде новинарот.
Дека Пјаниќ одигра фантастичен меч покажа и статистиката, го заврши натпреварот со 72 додавања од кои 91% успешни.