Дома Фудбал Англиските клубови се против продажбата на Њукасл

Англиските клубови се против продажбата на Њукасл

Англиските клубови побарале итна средба со раководството на Премиер лигата за следната недела.

Причината за средбата е продажбата на Њукасл на конзорциум од Саудиска Арабија. Сите останати 19 клуба од Премиер лигата се против зделката и зошто не биле навремено информирани.

Премиер лигата ја одобри продажбата откако добила правно обврзувачки документи дека Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира клубот, што до сега претставуваше пречка.

Клубовите се загрижени дека може да му се нанесе штета на брендот на Премиерлигата,  но и поради тоа што богатството на новите сопственици ќе придизвика дополнително да се напумпаат трансфер сумите и платите.

19-те клуба не планираат да ја спречат продабата, затоа што за тоа веќе задоцнија, но сакаат да ги дознаат причините кои доведоа до оваа зделка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само шест минути радост за Хал: Јакировиќ никако да стигне до победа

Хал направи пресврт против Ипсвич, но заврши со 2:2 и ја продолжи серијата без победа на о…