Селекцијата на Англија одлично го стартуваше мундијалското натпреварување со убедлива победа од 6:2 над Иран, но „гордиот албион“ остана без триумф во второто коло, по ремито без голови со Соединетите Американски Држави, 0: 0.
Секако, како што е вообичаено, а особено кога станува збор за фудбалската јавност на Островот, прва мета на критики по слабиот резултат беше селекторот Герет Саутгејт, а главна причина за критиките е Фил Фоден.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Напаѓачот на „граѓаните“ вчера не ни влезе во игра, додека против Иран на теренот беше само 19 минути кога веќе беше решено прашањето за победникот. Во оваа прилика се огласи и легендарниот англиски фудбалер Џејми Карагер, кој смета дека Фоден е најталентираниот играч во земјата.
„Фил Фоден одигра 19 минути на Светското првенство, дај кажете ми дека тоа е шега!! Тој е најталентираниот играч во Англија!“, напиша Карагер на својот профил на „Твитер“.
Останува да се види дали Саутгејт ќе потклекне пред притисокот на јавноста и ќе го вклучи Фоден во стартниот состав за последниот натпревар од групната фаза против Велс во вторник.