Дома Фудбал Англиската легенда јасна: Никогаш повеќе да НЕ биде повикан!

Англиската легенда јасна: Никогаш повеќе да НЕ биде повикан!

Легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер, имаше јасна порака за фудбалерот кој го одби повикот за настап во националниот дрес.

Откажувањето на одредени репрезентативци кога во прашање се пријателските натпревари на нивните селекции не се реткост. Еден од нив беше англискиот фудбалер, Дени Дринквотер.

По, оваа ситуација се огласи и англиската фудбалска легенда Алан Ширер.

„Се прашувам дали вака би глумеле повреда кога во прашање би било финале на Светското првенство. Дени Дринквотер, што ли си мислеше? Ако, не си играл доволно до сега што ти беше изговорот да не играш сега кога беше повикан, зошто не се обиде да ја искористиш приликата? Уште по неверојатно е што се работеше за натпревар на „Вембли“ против Германија, ти не заслужуваш повеќе никогаш да бидеш повикан“, јасен беше Ширер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бибиње одби да излезе на терен: На Сите Светци нема да играме!

Хрватскиот нижолигаш не настапи против Дебељак поради празникот Сите Светци, со образложен…