Репрезентацијата на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Ерменија во кој ќе се бориме за првата позиција во групата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Македонија во овој дуел ќе и биде доволно и реми за да остане на првата позиција и да се пласира во „Б“ лигата. За таа цел на Македонија и е доволно и реми, но селекторот порача дека нема да калкулираме.
„Никогаш не сум калкулирал, посебно не да одам на нерешено. Тоа можеби е моја мана. Имаме квалитет, тие играчи што се тука ќе дадат се од себе. Позитивен резултат не носи во Б групата од Лигата на Нации и тоа е важно. Суспендирани и повредени сме имале и претходно и не сме се жалеле“.
„Сакаме да победиме утре и така со победа да го завршиме овој квалификациски циклус. Ерменија ни е познат противник и знаеме дека се добра репрезентација, посебно би ги истанал Барсегјан и Хоф кои беа дел и од успесите на Вардар“, изјави Ангеловски пред утрешниот натпревар.
Фото: Игор Паневски