Дома Фудбал Ангеловски: Несторовски е ослободен за мечот со Германија

Ангеловски: Несторовски е ослободен за мечот со Германија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација донесе одлука за вчерашната прослава на голот на Илија Несторовски.

Ангеловски вчера порача дека ќе одлучи откако ќе види што се случило, а денес изјави дека Несторовски нема да биде во комбинација за натпреварот против Германија.

“Откако ја погледнав снимката, одлучив да го ослободам Илија Несторовски за мечот со Германија. Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави Ангеловски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук по трет европски триумф: Во Гибралтар се бркаат девет бода

По победите над Ајакс и Тун, Хајдук гостува кај Линколн Ред Импс со можност дополнително д…