Денеска репрезентацијата на Македонија се собира пред историскиот натпревар со Грузија во четврток.
Селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми пред овој дуел затоа што неизвесен за настап е Арјан Адеми кој е повреден, а од списокот отпадна Даниел Божиновски. Голманот на Силекс беше позитивен на Ковид-19.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Од оние што пристигнаа Даниел Божиновски е позитивен на Ковид-19 и нема да биде во комбинација за следните натпревари. Кире Ристевски исто така треба да има негативен тест за да може да ни се придружи. Адеми ќе оди на детални прегледи после повредата на загревањето пред натпреварот на Динамо. Се надевам дека нема да имаме дополнителни проблеми со пристигнувањето на останатите“.
„Знаеме со кого играм и зошто играме. Мораме да бидеме сконцентрирани и мотивирани за да победиме и се пласираме на ЕП. Натпреварот носи навистина многу емоции бидејќи имаме шанса да испишеме историја во нашата фудбалска историја. Среќни сме што сме дел од финалето, но немаме намера тука да застанеме. Очекувам натпреварот да го одлучат нијанси, се надевам дека тие нијанси ќе бидат на наша страна“, изјави Ангеловски.