Вечерва Македонија изгуби од Ерменија со 0:1 во натпреварот на Кипар и така останавме во Лига Ц, за ранг погоре ни беше потребно и реми сепак не дојдовме до него.
По натпреварот селекторот Игор Ангеловски истакна дека неискористените шанси во првиот дел кога бевме подобар противник не чинат пласман во „Б“ лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Жал ми е што не се пласиравме во Лигата Б. Денес клучно беше што не ги искористивме шансите во првото полувреме, а и примивме наивен гол. Не сме задоволни од тоа што го видовме на теренот, меѓутоа мораме да ги сфатиме фудбалерите кои одиграа три натпревари во седум дена. Денес Стојановски поради повреди мораше да ги замениме Ристовски и Стојановски. Меѓутоа треба да се каже и дека и главната цел ја исполнивме пред неколку дена, се пласиравме на Евро“, изјави Ангеловски.