Дома Фудбал Лига на шампиони Анализа на најизненадувачкото полуфинале во последните години во ЛШ: Кој има поголеми шанси?

Анализа на најизненадувачкото полуфинале во последните години во ЛШ: Кој има поголеми шанси?

Тотенхем – Ајакс, неочекувано полуфинале во Лигата на Шампиони, но и натпревар кој привлекува огромно внимание. Еден од овие два тима ќе игра во големото финале, а тоа ќе биде изненадување на сезоната во ова натпреварување. Двете екипи си имаат свои предности и слабости, а Покетино и Хаг ќе се обидат ги искористат тие во своја полза.

Тен Хаг е неверојатен тактичар

На некој начин, сезонава гледаме еден класичен Ајакс со игра по која овој тим пред две децении беше препознатлив. Имаат добро владеење со топката, многу трчање и притискање на противникот, класична 4-3-3 формација, меѓутоа модифицирана според квалитетот на фудбалерите и според нивниот ков.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клучниот тактички концепт од нивните изведби против Реал и Јуве беше уфрлањето на еден од крилата внатре во шеснаесеттикот со преоптоварување на спротивната страна. На чуден начин фудбалерите на Ајакс го тераат противникот фокусот да го насочи на едната страна, а тие главниот удар го задаваат од другата.

И кога ќе погрешат, во средината на теренот тие го имаат Дони ван де Бик. Тој не ги добива заслужените пофалби како некои од неговите колеги, но игра клучна улога во дефанзивниот дел од средниот ред. Ласе Шоне игра улога на десната страна, оставајќи го Френки де Јонг во послободна улога да влегува длабоко во противничката половина или да се повлекува назад. Затоа тој може да ја контролира играта од самиот старт на акциите на Ајакс.

Ајакс со тоа ја преоптоварува десната страна, но свесно. Ширината на левата страна доаѓа исклучиво од аргентинскиот интернационалец Николас Таглиафицо, кој прави ненадејни удари во офанзива. Неговата зона е покриена од централниот дефанзивец кој знае да игра и како лев бек Блинд, со 19-годишниот капитен Матијс де Лигт. Нусајр Мазрауи игра како десен бек, со Андре Онана кој дава голема сигурност на голот.

Покетино ќе игра со 3-5-2 формација

Ајакс има комплетен состав без повреди и суспензии, додека Спарс има сериозни проблеми. Напаѓачот Хари Кејн продолжува да ја влече повредата на зглобовите, а фудбалерот кој веројатно најдобро може да го замени Хеунг-мин Сон е суспендиран за овој натпревар. Во средината на теренот, Хари Винкс ќе биде отсутен поради повреда на препоните, додека сличен проблем има и Муса Сисоко, играч кој е еден од најдобрите во последниот период. Тоа се неколку клучни играчи што недостасуваат за овој дуел, а тоа е огромен проблем за Покетино. Покетино избира формација според достапноста на фудбалерите, а не од тактичка гледна точка, а веројатно овде ќе настапи со формација 3-5-2.

Љоренте ќе има проблеми со високата одбрана на Ајакс

Се чини веројатно дека Фернандо Љоренте ќе го предводи нападот, иако постои опасност тој да биде неефективен против високата дефанзивна линија на Ајакс, особено што холандската екипа доминира со сопствениот шеснаесетик. Скок играта е негова најдобра страна, но против де Лигт и компанија тешко дека тоа ќе може да го валоризира на правилен начин. Неговата најблиска поддршка веројатно ќе произлезе од Лукас Моура, кој ќе втрчува помеѓу бековите на Ајакс.

Деле Али несомнено ќе обезбеди добри топки за нив двајца и се чини дека ќе започне поставен во подлабока положба, заедно со поранешниот играч на Ајакс, Кристијан Ериксен. Виктор Вањама ќе биде задолжен за дефанзивата во средниот ред, иако тој изгледаше малку мобилен во последниве недели.

Тројцата бекови на Спарс, се поранешни фудбалери на Ајакс

Роуз и Трипиер ќе играат на крилните позиии. По потреба тие ќе бидат офанзивни, но ќе се враќаат и длабоко на својата половина. Интересно, но во центарот на одбраната ќе бидат тројца поранешни играчи на Ајакс: Јан Вертонген, Тоби Алдервеирд и Давинсон Санчез. Тие ќе мора да бидат умни со позиционата игра против Тадиќ, кој често знае да го измами противникот со лажни втрчувања напред со што ја дефокусира противничката одбрана од вистинската опасност. Хуго Лорис ќе мора да ја подигне својата игра и да биде посконцентриран. На Тотенхем му фали неговата сигурност, а на сите им е јасно дека без добар голман тешко се победува.

Тен Хаг сака да ја искористи слабата форма на Трипиер

На крилните позиции кај Тотенхем ќе бидат распоредени Роуз и Киран Трипиер. Е сега оправдано се прашуваме, со оглед на лошата форма на Трипиер оваа сезона, дали Ајакс може да ја прескокне нивната вообичаена стратегија и наместо да ја преоптоварува својата десна страна, да преоптовара овој пат на страната на Трипиер, а на кон Роуз. Трипиер освен што е во слаба форма, понекогаш беспотребно оди понапред од дозволеното, оставајќи голем простор позади себе. Од таа гледна точка, не би требало да бидеме изненадени доколку видиме ротации кај крилата на Ајакс кој би можел оправдано да напаѓа повеќе од лево, отколку онака како што се веќе навикнати од десната страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…