Дома Македонски спорт Анализа – Македонија веќе не е изненадување, Португалците претпазливи!

Анализа – Македонија веќе не е изненадување, Португалците претпазливи!

Македонија игра финале! По елиминацијата на европскиот шампион Италија во Палермо, сега македонските фудбалери патуваат во Порто каде ќе бидај битка со Португалија за пласман на Мундијалот во Катар.

Роналдо и дружината ја елиминираа Турција во полуфиналето, но Македонија беше подобра од Италија. Сега сите поинаку гледаат на македонскиот фудбал, а тоа го најавија речиси сите во португалскиот тим, почнувајќи од Роналдо.

Македонија повеќе не е изненадување во Европа


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија е пред најголемиот предизвик во историјата и тоа веднаш по настапот на ЕУРО 2020. Но ова е многу поголем предизвик од финалето против Грузија за пласман на Европскиот шампионат. Сега, се наоѓаме на само 90 минути од пласман на Светското првенство и тоа само по себе е историски резултат.

Македонија немаше среќа во жрепката – полуфинале со Италија, па финале со Португалија или Турција. Но откако ја минавме Италија, сега веќе сите со респект гледаат кон Македонија. Аутсајдерската улога повторно е голема и во тоа нема дилема. Но ние веќе на два пати покажавме дека таа улога не ни значи премногу, можеби дури и го олеснува патот. Во овие квалификации пред Македонија паднаа Германија и Италија и сега Португалија со сосема поинакви очи гледа кон овој меч.

Нема д аима потценување од нивна страна и тоа можеби ќе биде проблем за Македонија, која веќе не е изненадување во фудбалска Европа.

Да ја повториме играта во дефанзива од мечот со Италија

Неверојатна одбрана одигра Македонија против Италија. Страничните позиции во дефанзива беа затворени постојано, освен во моментите кога свесно ја препуштавме играта на Италија по тие позиции. Но кога тоа беше случај, централните дефанзивни позиции беа непробивни. Сите ја одиграа својата улога на високо ниво, а грешките беа сведени на минимум. Доколку Милевски и Момците го повторат тоа, тогаш во Порто се е можно.

Средниот ред кога во прашање е офанзивата можеби затаи, но сега во тимот се враќаат Елмас и Костадинов. Со Елмас во тимот, нема сомнеж дека ќе се отворат многу повеќе опции во офанзивниот дел, без разлика дали тој ќе игра во срцето на средината или странично. Барди ќе добие повеќе простор и би требало да бидеме далеку поопасни отколку на мечот со Италија.

Можеби дилемата на Милевски е во нападот, каде покрај Ристовски конкурира и Миовски. Но доколку Елмас стартува странично, тогаш можно е Трајковски да биде најистурен, а средината да биде засилена во дефанзивна смисла. Во секој случај Милевски има многу повеќе опции, но и доволно главоболки за да го извади најдобриот состав на терен.

Португалците претпазливи во своите изјави

Европскиот шампион од 2016 има селекција составена од големи ѕвезди, но без разлика на тоа, тие предупредуваат и со респект зборат за Македонија. Тешко дека ќе ја потценат македонската фудбалска репрезентација како што тоа го направија Германија и Италија.

Сега имаат мал милион причини за да не ја направат истата грешка како големите фаворити пред нив и нема сомнеж дека ќе истрчаат на теренот претпазливо и со голем респект, а такво нешто најави и селекторот Фернандо Сантош.

„Веќе изгледавме неколку видеа од натпреварите на Македонија. Последниот меч против Италија не смее да ни биде пример, може да даде слика која не е вистинита. Потребно е да се анализираат и други мечеви, како оној против Германија“ – вели селекторот на Португалија.

„Да не заборавиме дека против Италија им недостасуваа двајца играчи, а според мене, Елиф Елмас е нивниот најдобар фудбалер кој заедно со Барди диктираат како игра тимот“.

„Велат дека ова е меч на нивниот живот, дека ќе изгинат на теренот, но и за нас е исто, ова е меч на живот и смрт. Противникот заслужено е тука. Победи во Германија, исто така ја победи Ерменија со 0:5, а пред неколку години ние се мачевме таму. Сега славеше и против Италија“.

Неверојатни средина и напад, но и бавна одбрана

Португалија е рангирана на 8-то место на ФИФА ранг листата а вредноста на актуелната селекција изнесува неверојатни 782.50 милиони евра.

Само Жоао Феликс од Атлетико Мадрид вреди околу 70 милиони евра, а тоа е многу повеќе од целата македонска репрезентација заедно. Португалците имаат страшен напад и среден ред, но одбраната дефинитивно им е послаба страна. Тука лежи шансата на Македонија.

Од прекини во дефанзива се одлични, во позиционен напад исто така поради нивното преголемо искуство меѓусебно познавање. Но стоперите им се бавни и тоа е нешто што Македонија ќе мора да го искористи во своја полза ако сака позитивен резултат.

Освен тоа, Португалија имаше среќа против Турција во полуфиналето. Стартуваа одлично и со головите на Отавио и Јота водеа со 2:0. Турција намали преку Јилмаз, а истиот фудбалер промаши пенал за 2:2. На крај Нунес со гол во последните моменти ги постави конечните 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…